Владата одлучи да го модернизира здравствениот возен парк преку набавка на 100 нови амбулантни возила, кои ќе пристигнат во наредните две години. Министерството за здравство е надлежно за спроведување на постапката, а плаќањето ќе се реализира во рок од пет години.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, истакна дека во 2026 година ќе бидат доставени околу 80 возила, додека преостанатите 20 ќе пристигнат во 2027 година. „Со оваа набавка правиме значаен исчекор во обновувањето на возниот парк. Фокусот е на функционалност, а не на луксуз“, нагласи Томовски.
Тој додаде дека покрај амбулантните возила, во план е и набавка на нови противпожарни возила, со што ќе се подобрат условите за работа на надлежните служби.