Денеска православните христијани во Македонија го слават Рождеството на Пресвета Богородица, познато како Мала Богородица. Во сите храмови на Македонската православна црква утрово се одржуваат литургии.
Според народните верувања, Пресвета Богородица е заштитничка на мајките и на леунките, па жените што раѓаат ја повикуваат за полесен породување. Исто така, таа им помага и на жените што немаат деца, кои се молат пред нејзините икони во црквите посветени на Богородица.
На Мала Богородица, како и на Голема Богородица, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат, перат алишта или да извршуваат други домашни работи. Исто така, на овој ден не е пожелно да се започнуваат нови работи, туку тоа треба да се остави за некој од наредните денови.