ПРВ.мк
Култура

Љутков оствари средба со ХОТАМ – зајакнување на конкурентноста во туризмот и угостителството (ФОТО)

Љутков оствари средба со ХОТАМ – зајакнување на конкурентноста во туризмот и угостителството (ФОТО)

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денес оствари работна средба со претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – Здружението на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови (ХОТАМ), г-дин Крсте Блажевски, заедно со Националниот координатор за туризам, г-дин Акан Махмут.

На состанокот се разговараше за мерки за унапредување на угостителската и туристичката дејност во Македонија, со акцент на справување со нелојалната конкуренција, воведување единствени стандарди во инспекциските контроли, решавање на проблемот со недостиг на сезонска работна сила, како и обезбедување еднаков третман на домашните и странските инвеститори.

Министерот Љутков потенцираше дека Министерството за култура и туризам останува посветено на зајакнување на соработката со стопанските комори и здруженијата во туризмот, со цел поголема конкурентност и одржлив развој на македонската туристичка и угостителска понуда.

Escape