ПРВ.мк
Свет

Комисијата на ЕУ призна дека одобрила непроверени вакцини

Комисијата на ЕУ призна дека одобрила непроверени вакцини

Европската комисија призна дека вакцините против ковид-19 во 2020 година добиле условно одобрение за употреба иако немало целосни податоци за нивната безбедност и ефикасност кај луѓето. Целта била да се забрза имунизацијата, при што безбедноста била во втор план.

Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, избегнала политичка одговорност за одлуката да се купат 1,8 милиони дози од вакцината на Фајзер по цена многу повисока од производната, а оние кои ја критикувале одлуката биле цензурирани и маргинализирани, забележува поранешниот европратеник Роб Роос.

Австрискиот европратеник Гералд Хаузер истакнува дека треба да се утврди кој е одговорен за граѓаните што претрпеле штета и за тоа што тие не биле целосно информирани за можните несакани ефекти. Комисијата појаснува дека забрзаната процедура била неопходна за време на пандемијата и дека вакцините биле одобрени под условните мерки за контрола на ризиците.

Договорот за авансно купување со Фајзер и Бионтек предвидувал дека долгорочните ефекти и ефикасноста на вакцините се непознати и можат да се појават непознати несакани ефекти.

Хаузер поставува прашање кој е одговорен за штетите кај здрави луѓе без претходни медицински состојби и повикува Брисел да ја преразгледа препораката за вакцинација на целото население, повлекувајќи паралели со построгите критериуми воведени во САД од министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор.

Escape