Американскиот претседател Доналд Трамп денес одржа прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер во Лондон, на која говореше за ситуацијата во Украина и односот со Владимир Путин.
Трамп изјави дека неговата цел била да ја спречи руската инвазија на Украина, но дека Путин го разочарал. „Навистина ме разочара“, рече тој, додавајќи дека ќе го следи развојот на настаните и дека верува во можен договор меѓу Русија и Украина, иако „никогаш не се знае во војна“.
Британскиот премиер нагласи дека е потребно значително зголемување на притисокот врз Путин и поддршка за Украина. Трамп потврди дека е време за поголем притисок и можни санкции.
Претседателот истакна дека руските војници умираат побрзо од украинските и дека конфликтот можел да доведе до Трета светска војна, но сега верува дека тоа нема да се случи. Тој исто така подвлече дека се чувствува одговорен за последиците од војната, која, според него, има огромни човечки жртви.