Според податоците на Државниот завод за статистика, земјоделските производи во август, во просек, поскапеле за 12,1% во споредба со истиот месец лани. Најголемо зголемување има кај компирот, кој поскапел за 76,6%.
Следат овошјето и грозјето со раст од 32,8%, додека цените на зеленчукот се зголемиле за 6,2%.
Во целина, растителното производство бележи зголемување од 14,2%, а животинското производство за 6,5%. Житата и оризот поскапеле за 3,4%, додека вината забележале раст на цените од 4,3%.