ПРВ.мк
Свет

Бугарија подготвена да соборува руски дронови со МиГ-29

Бугарија подготвена да соборува руски дронови со МиГ-29

Бугарија се подготвува да реагира на евентуални провокации од Русија и да соборува дронови со своите ловци МиГ-29, изјави министерот за одбрана Атанас Запрјанов во интервју за bTV, нагласувајќи дека државата презема сериозни мерки за заштита на воздушниот простор.

Запрјанов ја оцени ситуацијата со руските дронови кои влегуваат во воздушниот простор на Полска како провокација и го поздрави одговорот на Варшава, истакнувајќи дека НАТО ги осудува руските постапки. „Започнува операцијата Источна стража. Ние ја сфаќаме оваа провокација сериозно“, додаде тој.

Министерот увери дека Бугарија располага со сили и средства за заштита на воздушниот суверенитет и истакна: „Нашите МиГ-29 се подготвени да соборуваат руски дронови“, уверувајќи ги граѓаните дека државата и НАТО преземаат сите неопходни мерки.

Запрјанов најави и заем од над 3 милијарди евра за финансирање на девет проекти за превооружување, кој ќе се враќа во рок од 40 години со грејс-период од првите 10 години, а сите проекти ќе бидат разгледани од Народното собрание.

Тој исто така се осврна на реакциите околу инвестициските планови на германската компанија „Рајнметал“ и посочи дека дел од стравовите во јавноста се резултат на хибридни влијанија.

Escape