ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) Трамп објави контроверзни фотографии: Канада и Гренланд „покриени“ со американско знаме – пораките што ја вознемирија светската јавност!

(ФОТО) Трамп објави контроверзни фотографии: Канада и Гренланд „покриени“ со американско знаме – пораките што ја вознемирија светската јавност!
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја разгоре глобалната политичка сцена, откако на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави серија фотографии кои сугерираат американска контрола врз Канада и Гренланд. Објавите веднаш предизвикаа реакции и шпекулации за неговите вистински намери во однос на територијалното проширување на САД.

На една од фотографиите, Трамп е прикажан како седи во Овалната соба, опкружен со европски лидери. До него се наоѓа табла со географска карта на која се прикажани Соединетите Американски Држави, Венецуела, Канада и Гренланд, а сите територии се покриени со американско знаме.

Иако фотографијата на прв поглед делува актуелно, станува збор за изменета верзија на оригинална фотографија од август 2025 година, кога во Вашингтон престојуваа европски лидери, меѓу кои претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, британскиот премиер Кир Стармер и италијанската премиерка Џорџа Мелони. Тогаш, на таблата до Трамп била прикажана фронтовската линија на војната во Украина, а не мапа со американско знаме.

На друга фотографија, објавена денеска, Трамп е прикажан како поставува американско знаме на Гренланд, заедно со потпретседателот Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио. До нив стои табла со натпис:

„Гренланд – територија на САД, основана 2026 година“.

Во низа објави, Трамп тврди дека преземањето на Гренланд е императив за глобалната безбедност, наведувајќи дека прашањето веќе нема простор за дебата.

„Нема враќање назад, сите се согласни со тоа“, напиша тој.

Трамп својата визија за зголемена американска контрола врз Западната хемисфера ја нарекува „Доктрина Донро“, алудирајќи на комбинација од неговото презиме и името на поранешниот американски претседател Џејмс Монро.

Дополнително, американскиот претседател објави и приватни пораки за кои тврди дека му биле испратени од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и од францускиот претседател Емануел Макрон.

Во пораката која му се припишува на Руте, се наведува дека тој му честита на Трамп за неговите „достигнувања“ во Сирија и дека ќе го истакнува неговиот ангажман за Сирија, Газа и Украина за време на јавните настапи во Давос. Според пораката, Руте изразува и подготвеност да помогне во „решавањето на прашањето за Гренланд“.

Во пораката што, пак, му се припишува на Макрон, францускиот претседател наведува дека тие се усогласени околу Сирија и дека можат заедно да направат „големи работи за Иран“, но изразува загриженост и недоразбирање околу чекорите на Трамп поврзани со Гренланд. Макрон предлага состанок во формат на Г7 во Париз, со вклучување и на претставници од Данска, Украина, Сирија и Русија, како и неформална вечера со Трамп.

Објавите на Трамп повторно отворија прашања за тоа дали станува збор за политички притисок, стратегија за преговори или сигнал за многу подлабоки геополитички намери, додека реакциите од меѓународната заедница допрва се очекуваат.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo