ПРВ.мк
Магазин

Бојата на пасошот не е случајна: Што значи и каква порака носи!

Бојата на пасошот не е случајна: Што значи и каква порака носи!
Kristal

Боите на пасошите – црвена, сина, зелена или црна – не се избрани случајно. Тие ја одразуваат политичката, културната, економската и понекогаш верската припадност на државата.

Црвена / бордо: Често ја користат земјите од Европската унија и држави со историско наследство од комунизмот. Симболизира економска поврзаност и членство во унии.

Сина: Карактеристична за САД, Јужна Америка и некои други држави. Симболизира „Нов свет“ и економски сојузи.

Зелена: Доминантна во исламските држави, каде што симболизира вера, живот и природа. Го користат и членките на Економската заедница на западноафрикански држави (ECOWAS), како и некои држави од друг континент по нерелигиозни причини (Мексико, Ватикан, Тајван).

Црна: Ретки пасоши, често заради практичност и естетика, кои обезбедуваат контраст со грбовите и ги крие нечистотиите. Примери се Нов Зеланд, Боцвана, Замбија, Ангола и други.

Иднината на пасошите веќе вклучува биометриски податоци и се очекува целосна дигитализација, но нивната улога како симбол на национален идентитет ќе остане клучна.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo