ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ШТИП! Мопедист прегазен од автомобил - итно пренесен во болница!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ШТИП! Мопедист прегазен од автомобил - итно пренесен во болница!

Триесет и седумгодишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на крстосница во градот.

Според информациите од полицијата, на 23 октомври 2026 година, околу 06:40 часот, во СВР Штип била пријавена сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците „Борис Крајгер“ и „Анте Банина“.

Во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С. (63) од Кочани, и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од И.К. (37) од Штип.

При судирот, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Штип. Засега не се соопштени дополнителни информации за причините и околностите под кои дошло до судирот.

Најнови вести