ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕСЕКОЈДНЕВНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ–ТЕТОВО! Автомобил удрил во мечка, по што починала - МВР со детали!

НЕСЕКОЈДНЕВНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ–ТЕТОВО! Автомобил удрил во мечка, по што починала - МВР со детали!

Мечка угинала откако била удрена од патничко возило на автопатот Скопје–Тетово. Сообраќајната несреќа се случила на 23 октомври 2026 година, во вечерните часови.

Според информациите од полицијата, околу 22:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека автомобил „Волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 36-годишниот Џ.Д. од Гостивар, удрил во диво животно – мечка.

На местото на настанот бил повикан ветеринар од Зоолошката градина во Скопје, кој констатирал дека животното е угинато.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје. Засега не се соопштени дополнителни информации за околностите под кои мечката се нашла на автопатот.

Најнови вести