ПРВ.мк
Магазин

Додека милиони ја гледаа на телевизија, таа двапати се борела со смртта: Потресната тајна на ѕвездата од „Игра на тронови“

Додека милиони ја гледаа на телевизија, таа двапати се борела со смртта: Потресната тајна на ѕвездата од „Игра на тронови“

Емилија Кларк – од светска слава до борба за живот

Британската актерка Емилија Кларк, која светската публика ја запозна како Денерис Таргариен во култната серија „Игра на тронови“, денеска, 23 октомври, го слави својот 40-ти роденден. Но зад нејзината насмевка и огромниот успех се крие драматична животна приказна за која јавноста со години не знаела.

Во 2011 година, непосредно по снимањето на првата сезона од серијата што ја прослави, Кларк доживеала пукање на мозочна аневризма, кое предизвикало сериозно крварење.

Лекарите итно ја оперирале, а за време на закрепнувањето актерката привремено имала проблеми со говорот и помнењето зборови.

Иако се соочувала со огромен страв за сопствениот живот, таа успеала да се врати пред камерите и да продолжи со снимањето.

Но кошмарот не завршил тука.

Во 2013 година следувала втора операција поради друга мозочна аневризма. Зафатот бил проследен со сериозни компликации и дополнително крварење, поради што повторно се нашла во животна опасност.

Додека милиони гледачи ѝ се восхитувале на телевизиските екрани, никој не знаел низ каква здравствена битка поминува.

Дури во 2019 година актерката јавно проговорила за своите искуства во емотивна исповед за „Њујоркер“.

Истата година, заедно со својата мајка, ја основала хуманитарната организација „SameYou“, која им помага на луѓето што закрепнуваат од мозочни повреди и мозочни удари.

И покрај сè, Кларк не се откажала од актерството. Во 2026 година се појави во шпионската серија „PONIES“, продолжувајќи ја кариерата што ја направи една од најпрепознатливите актерки во светот.

Најнови вести