Даниел Редклиф, актерот кој го отелотворува Хари Потер во истоимената филмска серија базирана на романите на Џ. К. Роулинг, откри шокантни детали од својот живот зад кулисите.
Франшизата „Хари Потер“ опфаќа осум филмови, снимени помеѓу 2001 и 2011 година, а Редклиф ја доби улогата како 11-годишно момче. Како што растеше серијата, растеше и неговата слава, но паралелно со тоа се зголемуваше и притисокот кој го чувствуваше како млад актер.
Во подоцнежните години од снимањето, особено додека работел на шестиот филм „Хари Потер и принцот од мешана крв“, Редклиф почнал да посегнува по алкохол. Според неговите зборови, на почетокот тоа било начин да се опушти и да избега од товарот на славата, но со текот на времето пиењето станало навика – и проблем.
– Искрено, никогаш не сум пиел на снимање, но доаѓав на работа сè уште под дејство на алкохол од претходната ноќ, изјави тој за The Independent.
Тој додаде дека никогаш не пиел додека снимал сцени, но мамурлакот, менталната исцрпеност и чувството на губење на контролата станале дел од неговото секојдневие. Во еден момент сфатил дека пиењето не е за забава, туку за да може да функционира.
По завршувањето на франшизата, во 2010 година, Редклиф одлучил да престане со алкохолот. Се повлекол од јавноста, побарал помош и започнал нов живот надвор од ликот што го дефинираше со години.
Денес, тој е еден од ретките актери кои отворено зборуваат за темната страна на раната слава, со цел да предупредат дека големиот успех прерано може да донесе сериозни лични последици.


















