ПРВ.мк
Свет

Шокантни бројки од Пентагон – ова е бројот на американски војници ранети во конфликтот со Иран!

Шокантни бројки од Пентагон – ова е бројот на американски војници ранети во конфликтот со Иран!
Kristal

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, соопшти дека од почетокот на заедничките американски и израелски напади врз Иран, вкупно 140 американски војници се ранети. Од нив, осум се тешко повредени и добиваат „највисоко ниво на медицинска нега“, додаде Парнел.

Поголемиот дел од повредите се полесни, а 108 војници веќе се вратиле на должност, пренесе 4news.mk. Оваа бројка е дел од поширокиот контекст на конфликтот, кој досега однесе осум американски животи.

Конфликтот започна на 28 февруари, кога Израел и САД извршија координирани напади врз Иран. Според извештаите, од почетокот на кампањата загинале над 1.200 лица, меѓу кои и врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи.

Иран возврати со напади користејќи дронови и ракети, насочени кон Израел и американските бази во земјите од Персискиот залив, што доведе до дополнителни загуби и повреди меѓу американскиот персонал.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape