ПРВ.мк
Скопје

(ФОТО) Евакуација успешно завршена - Ова е бројот на македонски државјани кои вечерва безбедно слетаа во Скопје!

(ФОТО) Евакуација успешно завршена - Ова е бројот на македонски државјани кои вечерва безбедно слетаа во Скопје!

Министерството за надворешни работи информира дека вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани евакуирани од Обединетите Арапски Емирати.

Летот од Дубаи носеше вкупно 150 патници: 125 македонски државјани, 7 од Србија, 11 од Косово, 2 од Босна и Херцеговина, 2 од Албанија, како и по еден државјанин од Германија, Ерменија и Црна Гора.

Евакуацијата беше спроведена според претходно утврден план, во координација со надлежните институции, а трошоците за летот беа целосно покриени од државата.