ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР: Доаѓа SPAR - еве ги деталите!

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР:  Доаѓа SPAR - еве ги деталите!
Kristal

Еден од најпрепознатливите синџири маркети во Македонија се подготвува за целосна трансформација. Маркетите „Кит Го“, кои со години се присутни низ државата, наскоро ќе добијат ново име и визуелен идентитет – ќе станат дел од светски познатиот бренд SPAR.

Според информации што кружат на социјалните мрежи и беа објавени од ТВ Стар, процесот на ребрендирање е веќе во подготовка. Станува збор за вкупно 58 маркети низ Македонија, кои иако одамна се во сопственост на Viva Fresh Group, сè уште функционираат под името Кит Го.

Косовската компанија Viva Fresh ги купи маркетите Кит Го за околу 60 милиони евра, а со оваа стратешка одлука прави уште еден крупен чекор на регионалниот трговски пазар. Viva Fresh Group веќе е присутна во Македонија преку повеќе брендови, меѓу кои Viva Fresh Store, Super Kit Go и Modern Studio & Top Shop.

Дополнително, во март оваа година, Viva Fresh Group ја презеде и SPAR Albania од Balfin Group, со што го зацврсти своето партнерство со глобалниот бренд SPAR. Токму оваа аквизиција се смета за клучен момент што го отвора патот за ребрендирање и на македонските маркети.

Што значи ова за потрошувачите, цените и понудата – останува да се види, но едно е сигурно: македонската трговска сцена влегува во нова ера.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo