ПРВ.мк
Македонија

МВР СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пазете се од измама – граѓани добиваат лажни СМС пораки за сообраќајни казни, ова никако не го правете!

МВР СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пазете се од измама – граѓани добиваат лажни СМС пораки за сообраќајни казни, ова никако не го правете!
Kristal

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатите денови граѓани низ државата добиваат лажни СМС пораки со известувања за наводни сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“.

Во пораките се наведува дека корисникот сторил прекршок и дека треба итно да плати парична казна преку линк кој е наведен во СМС пораката. Од МВР нагласуваат дека станува збор за измама и дека овие пораки не се испратени од официјални институции.

Од Министерството апелираат граѓаните да не отвораат линкови, да не внесуваат лични или банкарски податоци и да не вршат плаќања преку вакви пораки.

Како да ја препознаете измамата:

  • во пораката не е наведена регистарската табличка на возилото;
  • испраќачот не е официјален број на МВР;
  • се користи итен и заканувачки тон;
  • линкот води до лажна веб-страница која имитира официјален изглед.

Од МВР потсетуваат дека сообраќајните казни не се наплатуваат преку СМС пораки или линкови, ниту институциите бараат лични податоци на ваков начин.

Граѓаните кои ќе добијат ваква порака се повикуваат истата да ја игнорираат и по потреба да ја пријават во најблиската полициска станица.

Надлежните институции апелираат на зголемена внимателност, особено при пораки кои бараат итна финансиска реакција.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo