ПРВ.мк
Македонија

БЕЗБЕДЕН ГРАД“ СТАРТУВА СО НОВИ ПРАВИЛА: Казните ќе пристигнуваат на овој начин како цврст доказ за прекршокот!

БЕЗБЕДЕН ГРАД“ СТАРТУВА СО НОВИ ПРАВИЛА: Казните ќе пристигнуваат на овој начин како цврст доказ за прекршокот!
Kristal

Казните што ќе се изрекуваат преку проектот „Безбеден град“ отсега ќе пристигнуваат со приложени фотографии како директен доказ за сторениот сообраќаен прекршок, потврди заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

„Казната ќе содржи фотографија. На неа јасно ќе се гледа дали возачот користел сигурносен појас или разговарал на мобилен телефон за време на управувањето со возилото“, истакна Исени, појаснувајќи дека системот веќе е технички подготвен за ваков начин на работа.

Од Министерството за внатрешни работи нагласуваат дека целта на проектот не е исклучиво репресија, туку подигнување на свеста кај возачите за одговорно и безбедно учество во сообраќајот. Сообраќајните прекршоци, како некористење појас или користење телефон зад волан, се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди.

Со воведувањето на визуелни докази, надлежните институции очекуваат поголема транспарентност, помалку спорни случаи и поефикасна контрола, особено во викендите и во урбаните средини каде сообраќајот е најгуст.

Проектот „Безбеден град“ веќе ја опфаќа главната сообраќајна мрежа во Скопје, а додавањето на фотографии како доказ се смета за клучен чекор кон целосна модернизација на системот за сообраќаен надзор и зголемување на безбедноста на улиците.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape