ПРВ.мк
Македонија

ФАЛЦ БРЕНДОВИ ПОД РАДАР: Фирма продавала лажни обувки и облека - полицијата со детали!

ФАЛЦ БРЕНДОВИ ПОД РАДАР: Фирма продавала лажни обувки и облека - полицијата со детали!
Kristal

Фирма од Тетово и нејзиниот сопственик, 46-годишниот Б.А., се соочуваат со кривични пријави откако при полициска контрола било утврдено дека во нивниот продажен објект се продавале фалсификувани обувки и текстил со ознаки на познати, заштитени брендови.

Според информациите од полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против правното лице од Тетово, како и против Б.А. (46), кој е сопственик и управител на фирмата. Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

Контролата била извршена на 30 јануари 2025 година во продажниот објект на фирмата во Тетово. При увидот, полициските службеници констатирале дека во понудата се наоѓаат разновидни фалсификувани производи – обувки и текстил – со ознаки на познати трговски марки, кои се законски заштитени.

Надлежните институции продолжуваат со постапката, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат понатамошни правни дејствија во согласност со законот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape