На 19 јануари 2026 година, околу 17:15 часот, на улицата „8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес привеле Т.А. (59) од Велес. Причина за приведувањето било агресивно однесување кон полицајците кои извршувале службени дејствија.
При преземањето на мерките, кај лицето било утврдено 2,36 промили алкохол во крвта. Т.А. бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















