ПРВ.мк
Македонија

Трет ден непознато каде е судијата со 350.000 евра во ѕидот – еве што се знае досега!

Трет ден непознато каде е судијата со 350.000 евра во ѕидот – еве што се знае досега!
Kristal

Трет ден по ред, не е познато каде се наоѓа судијата Ѓоко Ристов од Неготино, кај кого беа пронајдени 350.000 евра воѕидани во ѕидот на неговата семејна куќа.

Ниту Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), ниту Министерството за внатрешни работи не даваат информации за неговата моментална локација или за можните мерки против него.

Ристов минатата недела заминал на боледување во Апелациониот суд – Скопје, по што неговите колеги повеќе не го виделе.

Од ОЈО ГОКК само потврдуваат дека постапката се водела со месеци и дека станува збор за сложена и обемна истрага која сè уште е во тек.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape