Од ноќеска на полноќ, цените на горивата се зголемуваат за 1,5 до 2 денара по литар, објави Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со оваа одлука, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,46%.
Растот на цените следува по трендовите на меѓународните пазари на нафта и деривати, што директно влијае на малопродажните цени кај нас.

















