Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари достигнаа 66.413 денари, што е раст од 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. Ако семејството живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, трошоците се зголемуваат на 81.788 денари.
Од вкупните трошоци, 24.211 денари се издвоени за храна и пијалоци, додека за минимални режиски трошоци се потребни 6.338 денари.
Сојузот на синдикати на Македонија веќе најави дека поради растот на трошоците за живот ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра, како и корекции на сите други плати. За таа цел се планираат протести во следниот период за да се издејствуваат овие промени.

















