ПРВ.мк
Свет

СУДОТ БЕЗ МИЛОСТ: Осуден на 15 години затвор за државен грабеж

СУДОТ БЕЗ МИЛОСТ:  Осуден на 15 години затвор за државен грабеж
Kristal

Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович повторно се најде во фокусот на јавноста откако суд во Киев го осуди на долга затворска казна – и тоа во негово отсуство. Како што соопшти Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата, Јанукович е прогласен за виновен и казнет со 15 години затвор поради незаконско присвојување на државно земјиште.

Според пресудата, Јанукович злоупотребил службена положба и присвоил шумска парцела во Киевската област со површина од 17,5 хектари, чија вредност се проценува на повеќе од 22 милиони гривни, односно над половина милион американски долари. Земјиштето било државна сопственост, но, според обвинението, било пренаменето и користено за негови лични интереси.

На спорната парцела, во периодот меѓу 2009 и 2011 година, бил изграден луксузен хотелски комплекс со ресторан, кој Јанукович го користел како приватен објект. Кривичното дело, според судот, било извршено уште во 2007 година, во време кога тој ја извршувал функцијата премиер на Украина.

Од обвинителството наведуваат дека ова е уште еден во низата случаи со кои се потврдува системската корупција на поранешниот државен врв. Доколку одбраната не поднесе жалба, пресудата ќе стане правосилна во рок од 30 дена од денот на нејзиното објавување.

Иако физички недостапен за украинските власти, правдата, според судот, го стигна поранешниот лидер – барем на хартија.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo