Рано утрово, земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтер го погоди грчкиот регион Лаконија, јавуваат локалните медиуми.
Трусот се случил во 08:38 часот по локално време, околу 320 километри југозападно од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил во морското подрачје, 117 километри југозападно од Геролименас во Лаконија.
До овој момент нема пријавено евентуални материјални штети или повредени лица. Земјотресот е регистриран како релативно силен за регионот, но засега ситуацијата е под контрола.
















