ПРВ.мк
Македонија

БРУТАЛЕН НАПАД ВО МАКЕДОНИЈА: Газда на кафана претепан, му ја скршиле раката откако им рекол „ЗАТВОРЕНО“ - полицијата со детали!

БРУТАЛЕН НАПАД ВО МАКЕДОНИЈА: Газда на кафана претепан, му ја скршиле раката откако им рекол „ЗАТВОРЕНО“ - полицијата со детали!
Kristal

Двајца мажи завршија во 30-дневен притвор поради брутален напад врз сопственик на гостилница во Куманово, кој се случил по полноќ откако сопственикот им одбил влез во веќе затворениот објект.

Инцидентот се случил на 18 јануари околу 1 часот по полноќ, кога осомничените се обиделе насилно да влезат во кафаната со намера да консумираат алкохол по работното време. Кога сопственикот им рекол дека објектот е затворен, ситуацијата ескалирала.

Според информациите од Основното јавно обвинителство Куманово, двајцата напаѓачи продолжиле со насилство во дворот на објектот, удирајќи го сопственикот повеќепати по главата и телото. Го собориле на земја, предизвикувајќи тешки телесни повреди, меѓу кои скршеница на десната рака и повреда на увото.

Основното јавно обвинителство поднесе истражна постапка за кривично дело „насилство“ против двајцата осомничени, а судот им одреди притвор во траење од 30 дена по предлог на јавниот обвинител.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo