ПРВ.мк
Македонија

УБАВА ВЕСТ: Ако стапите во брак, следува парична поддршка – износот ќе ве изненади!

УБАВА ВЕСТ: Ако стапите во брак, следува парична поддршка – износот ќе ве изненади!
Kristal

Општина Могила годинава воведува низа мерки со кои директно финансиски ги поддржува семејствата, новороденчињата и младите брачни парови. Градоначалникот Драганчо Саботковски информираше дека со општинскиот буџет за 2026 година се предвидени средства за помош и стимулација, при што износите се движат од 10.000 до 30.000 денари, во зависност од намената.

За семејствата кои ќе добијат дете, општината обезбедува финансиска поддршка според редоследот на раѓање. За првородено дете ќе се исплаќа износ од 10.000 денари, за второродено 15.000 денари, додека за трето дете семејствата ќе добијат 30.000 денари.

Покрај поддршката за новороденчиња, Општина Могила воведува и финансиски надомест за нови бракови. Секој пар кој ќе склучи брак ќе добие еднократна парична помош од 20.000 денари, како дел од мерките за зајакнување на семејните вредности и поттикнување на младите да останат и да градат иднина во оваа општина.

Градоначалникот Саботковски истакна дека овие мерки не треба да се гледаат само како финансиска помош, туку како јасна порака од локалната самоуправа. Според него, семејството, децата и младите се поставени како врвен приоритет, а целта е преку вакви политики да се стимулира наталитетот и да се создадат подобри услови за живот и развој во општина Могила.

Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат дека оваа пелагониска општина се соочува со сериозен демографски предизвик. Во 2010 година во Могила биле евидентирани 66 новороденчиња, додека во 2024 година бројот драстично се намалил и изнесува само 30, што е помалку од половина. Токму овие бројки се една од главните причини поради кои општината воведува вакви мерки, со надеж дека ќе придонесат кон позитивни промени и задржување на населението.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo