ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СНЕЖНА АПОКАЛИПСА НА КАМЧАТКА: Наноси до 4 метри, градовите претворени во лавиринти од снег појава невидена 60 години!

(ВИДЕО) СНЕЖНА АПОКАЛИПСА НА КАМЧАТКА: Наноси до 4 метри, градовите претворени во лавиринти од снег појава невидена 60 години!
Kristal

Рускиот далекоисточен полуостров Камчатка се соочува со најобилните снежни врнежи во последните шест децении, создавајќи сцени кои жителите ги опишуваат како нереални и застрашувачки. Огромни снежни наноси, високи и до неколку метри, целосно ги блокираа влезовите на зградите, а автомобилите се буквално исчезнати под дебелите слоеви снег, покажуваат агенциските фотографии и податоците од метеоролошките станици, пренесува „Хина“.

Според официјалните метеоролошки информации, во некои подрачја во првата половина на јануари наврнале повеќе од два метра снег, што доаѓа по веќе рекордните 3,7 метри снег измерени во текот на декември. Ваква комбинација на врнежи не е забележана со децении и целосно го парализираше секојдневниот живот.

„Утре планирам да прошетам низ градот, бидејќи автомобилот, за жал, веќе е еден месец паркиран пред зградата и е целосно затрупан со снег“, изјави Људмила Москвичева, фотограф од Петропавловск-Камчатски, пристанишен град кој се наоѓа на околу 6.800 километри источно од Москва.

Снимките објавени во руските медиуми и на социјалните мрежи прикажуваат жители кои се движат низ тесни премини ископани во снегот, налик на лавиринти, обидувајќи се да стигнат до своите домови или продавници. По екстремните врнежи, цели населби останале заробени – дворовите се затрупани до нивото на првиот кат, вратите на зградите не можат да се отворат, а механизацијата за чистење снег не успева да се справи со количината, пренесува Некста ТВ.

Службите за итни случаи претходно упатија апел до жителите да не се обидуваат да излегуваат преку прозорци, предупредувајќи дека под снегот може да се наоѓаат огради, автомобили или остри метални конструкции. Дополнително, постои сериозен ризик луѓето да се заглават во длабок снежен нанос без можност сами да се извлечат.

И покрај предупредувањата, видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека дел од жителите сепак се впуштаат во опасни обиди за движење низ длабокиот снег, што уште повеќе ја нагласува сериозноста на состојбата и размерите на снежната катастрофа што ја погоди Камчатка.

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo