ПРВ.мк
Свет

Европа гореше, реките пресушуваа: Август собори историски температурен рекорд

Европа гореше, реките пресушуваа: Август собори историски температурен рекорд

Август годинава бил најтоплиот август откако се вршат глобални мерења на температурите, покажуваат најновите податоци на Службата за климатски промени „Коперник“ на Европската Унија.

Според научниците, просечната глобална температура во текот на месецот била за 1,65 степени Целзиусови повисока од прединдустриското ниво, односно од проценетиот просек за периодот од 1850 до 1900 година.

Август воедно се изедначил со јули 2023 година како најтопол календарски месец досега регистриран во историјата на мерењата.

Особено високи температури биле забележани во Европа. Западна Европа го имала најтоплото лето досега, со што бил надминат претходниот рекорд поставен во 2003 година.

Топлотните бранови што продолжиле и во август биле дел од периодот на екстремно високи температури кој започнал уште во мај. Истовремено, тешка суша погодила повеќе европски земји, меѓу кои Обединетото Кралство, Франција, Унгарија, Романија и Србија.

Последиците биле видливи и кај големите европски реки. Рајна, Дунав и Дњепар се соочиле со исклучително низок водостој.

Научниците предупредуваат и дека во август глобалната температура повторно го надминала прагот од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриското ниво. Според податоците на „Коперник“, ова е првпат тој праг да биде надминат од ноември 2025 година.