ПРВ.мк
Свет

ДРАМА НА ОТВОРЕНО МОРЕ: Вирус се шири на брод со 4.000 луѓе, бројот на заболени се зголемува - се чека одлука!

ДРАМА НА ОТВОРЕНО МОРЕ: Вирус се шири на брод со 4.000 луѓе, бројот на заболени се зголемува - се чека одлука!

Патувањето на крузерот „Caribbean Princess“ продолжува и покрај појавата на зараза која досега погодила 148 лица – 134 патници и 14 членови на екипажот. Бродот испловил на 11 ноември од Форт Лодердејл во американската сојузна држава Флорида, а враќањето се очекува на 23 ноември.

Патувањето кое требало да биде одмор од соништата за дел од патниците се претворило во непријатно искуство. Рутата на крузерот минува низ Карибите, покрај Колумбија, низ Панамскиот Канал, а предвидени се и посети на Костарика и Кајманските Острови.

Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), заболените не ги добиле симптомите во исто време, а точната причина за појавата на заразата сè уште не е утврдена.

За да се спречи понатамошно ширење на болеста, екипажот спровел засилени мерки за чистење и дезинфекција. Заболените лица биле изолирани, а биле земени и примероци од столица за лабораториски испитувања.

Од бродската компанија соопштиле дека состојбата постојано се следи и дека најголемиот дел од патниците и членовите на екипажот не се погодени од заразата.

Ова не е прв ваков инцидент на „Caribbean Princess“. Во мај 2026 година, околу 160 лица се заразиле со норовирус на истиот брод. Според објавените информации, за компанијата „Princess Cruises“ ова е четврта регистрирана појава на заразна болест во текот на годинава.

Крузерот „Caribbean Princess“ е пуштен во употреба во 2004 година и има капацитет за околу 3.100 патници и 1.100 членови на екипажот. Изграден е во бродоградилиштето „Fincantieri“ во Монфалконе, Италија, а има бруто-тонажа од околу 113.000 тони.

Најнови вести