ПРВ.мк
Балкан

ВИДЕО ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Александар Чупиќ се вози со градски автобус и пее со патниците!

ВИДЕО ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Александар Чупиќ се вози со градски автобус и пее со патниците!

Снимка на која новоименуваниот претседател на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, пее во градски автобус, повторно привлече големо внимание на социјалните мрежи.

На видеото се гледа насмеаниот Чупиќ како стои во преполн автобус и ја пее песната „Ајде, граде“, која во меѓувреме стана еден вид симбол на студентското движење.

Снимката наводно била направена по еден од собирите на Славија, а нејзиното повторно објавување предизвика бројни реакции и коментари на социјалната мрежа Икс.

Особено внимание привлече фактот што висок државен функционер се вози со јавен градски превоз, без видливо обезбедување.

„Претседателот на Собранието, претседателот на државата и врховниот командант на вооружените сили на Србија се вози со градски превоз без обезбедување... Што е ова, Данска, прашувам?“, стои во еден од коментарите објавени со видеото.

Дел од корисниците коментирале дека со преземањето на државната функција Чупиќ ќе мора да има обезбедување, без разлика дали лично го посакува тоа.

Повторното објавување на снимката и описите што ја придружувале предизвикале и забуна кај дел од корисниците, кои помислиле дека видеото е направено неодамна, иако станува збор за снимка од периодот пред парламентарните избори.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА