ПРВ.мк
Балкан

ВУЧЕВИЌ СО ОСТРА ПОРАКА: „Албанците на Косово рушат, палат и протеруваат – мора да се реагира!

ВУЧЕВИЌ СО ОСТРА ПОРАКА: „Албанците на Косово рушат, палат и протеруваат – мора да се реагира!

Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, упати остри критики кон косовскиот премиер Албин Курти, обвинувајќи го дека се обидува да ги истисне Србите од Косово и Метохија и да ги сведе на мали изолирани енклави.

Вучевиќ изјавил дека Албанците на Косово ја спроведуваат својата агенда, која, според него, била зацртана пред повеќе децении и вклучува рушење, палење и протерување. Тој ги дал овие оценки коментирајќи ги последните случувања кај Газиводе.

Тој упатил критики и до новоизбраниот претседател на Народното собрание на Србија, Александар Чупиќ, оценувајќи дека морал да реагира на случувањата на Косово и Метохија.

„Тоа не е прашање на негова добра волја, туку државничка обврска“, истакнал Вучевиќ во гостување на телевизијата „Информер“.

Според него, загрижувачки е и отсуството на реакција од српската влада, која се наоѓа во технички мандат. Вучевиќ смета дека молчењето на српските институции им овозможува на косовските власти да продолжат со своите активности.

Тој тврди дека крајната цел на Курти е Србите да исчезнат од Косово и Метохија, а на нивно место да останат само неколку мали енклави, споредувајќи ја таквата замисла со резерватите во кои живееле домородните американски племиња.

Вучевиќ предупредил и дека, според неговите тврдења, следен чекор би можел да биде оспорување на српското духовно и културно наследство на Косово и Метохија и негово прогласување за наследство со илирско-албанско потекло.