Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската провинција Чингхај, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).
Според информациите објавени од центарот, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува „Ројтерс“.
Провинцијата Чингхај се наоѓа во северозападниот дел на Кина.
Овој потрес доаѓа по силниот земјотрес со магнитуда од 7,2 степени што ја погоди источна Индонезија. Засега нема дополнителни информации за евентуална штета или последици од земјотресот во Кина.







