Силен земјотрес со магнитуда од 7,2 степени ја погоди источна Индонезија, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG).
Според агенцијата, епицентарот на земјотресот бил на 43 километри северозападно од областа Југозападен Малуку.
Од BMKG информирале дека земјотресот нема потенцијал да предизвика цунами, па не е издадено предупредување за ваква опасност.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени и загинати лица.







