ПРВ.мк
Македонија

„КОГА ЌЕ ДОЧЕКАМЕ ПРАВДА?“: Родителите на загинатите во Кочани очајни поради судењето - еве колку сведоци се предложени за ислушување!

„КОГА ЌЕ ДОЧЕКАМЕ ПРАВДА?“: Родителите на загинатите во Кочани очајни поради судењето - еве колку сведоци се предложени за ислушување!

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани стравуваат дека големиот број сведоци предложени од одбраната може дополнително да го продолжи судскиот процес и да го одложи моментот кога ќе ја дочекаат правдата за своите најблиски.

Како што пренесуваат медиумите, родителите изразиле незадоволство од текот на судската постапка, а особено од однесувањето на одредени адвокати на обвинетите. Одбраната предложила повеќе од 200 сведоци, иако дел од предлозите во меѓувреме биле повлечени.

Родителите сметаат дека ваквиот пристап може да доведе до непотребно одолговлекување на судењето. На прашањето дали веруваат дека големиот број сведоци се предлага со цел да се добие на време, тие одговориле дека токму тоа се случува и дека на тој начин се одолговлекува и се разводнува целата ситуација.

За семејствата, секое ново рочиште претставува дополнителен психолошки товар. Постојаните патувања од Кочани до Скопје, следењето на сведочењата и повторното соочување со деталите од трагедијата, како што велат, уште повеќе ја продлабочуваат нивната болка.

Особено се разочарани од однесувањето на некои адвокати, за кои сметаат дека не покажуваат доволно почит кон семејствата на починатите.

„Никој не нè прашува како го преживуваме секое рочиште, како ни поминал претходниот ден и како се чувствуваме кога одиме на судење“, велат родителите.

Од друга страна, Александар Наунов, чија ќерка загина во трагедијата, оценил дека досегашното темпо на судењето било интензивно, со приближно едно рочиште неделно. Тој изразил надеж дека во наредниот период ќе бидат закажани и дополнителни термини за продолжување на процесот.

Најнови вести