Тринаесетгодишно момче од гостиварското село Форино се здобило со тешки телесни повреди откако изгубило контрола над електричен тротинет и паднало на асфалтот во училишниот двор.
Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 20 ноември 2026 година, во 15:15 часот, во ОВР Гостивар. Малолетникот бил донесен во Ургентниот центар во Гостивар со тешки телесни повреди.
Несреќата се случила во дворот на основното училиште во Форино, каде што момчето управувало електричен тротинет, по што изгубило контрола и паднало на асфалтот.
По укажаната лекарска помош во Гостивар, малолетникот бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа од ОВР Гостивар.








