Тешка сообраќајна несреќа се случила на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, кога патничко возило удрило во 69-годишна жена, а потоа го напуштило местото на настанот.
Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2026 година, околу 09:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека возило ја удрило С.С. (69) од Скопје и избегало без да остане на местото на несреќата.
Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот кој го напуштил местото на настанот.









