ПРВ.мк
Црна Хроника

ЛИХВАРСТВО ВО КОЧАНИ: Давал пари на заем, но сумата што ја барал за возврат е вртоглава!

ЛИХВАРСТВО ВО КОЧАНИ: Давал пари на заем, но сумата што ја барал за возврат е вртоглава!

ОВР Кочани поднело кривична пријава против 31-годишниот А.Д. од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „Лихварство“, предвидено и казниво според член 260 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2026 година, пријавата била поднесена до Основното јавно обвинителство Кочани. Осомничениот, во два наврати, му дал пари на заем на едно лице во вкупен износ од 7.500 денари, со договор позајмените пари да му бидат вратени во износ од 12.500 денари.

Според сомненијата, А.Д. имал намера да се стекне со несразмерна имотна корист, а како залог од лицето зел и предмети – рачен часовник и мобилен телефон.

Најнови вести