Полициски службеници од Полициското одделение Чашка лишиле од слобода 43-годишен жител на селото Горно Јаболчиште, општина Чашка, по пријава дека му се заканувал на сограѓанин со остар предмет.
Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2026 година, околу 18:30 часот, Х.Л. бил приведен по претходна пријава од 61-годишниот И.А., исто така од Горно Јаболчиште. Според пријавеното, инцидентот се случил во близина на градскиот пазар во Велес, каде што Х.Л. му се заканувал со остар предмет.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против 43-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.






