ПРВ.мк
Црна Хроника

ЗАКАНИ И ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ: Полицијата приведе 50-годишник со неверојатни промили алкохол во крвта!

ЗАКАНИ И ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ: Полицијата приведе 50-годишник со неверојатни промили алкохол во крвта!

Педесетгодишен жител на кавадаречкото село Возарци бил лишен од слобода откако, според пријава, му се заканувал на свој 35-годишен соселанец и фрлал тврди предмети кон него.

Од полицијата информираат дека на 20 ноември 2026 година, околу 20:45 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле З.Б. (50), постапувајќи по претходна пријава од З.Ѓ. (35), исто така од селото Возарци.

По преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека 50-годишникот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,31 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести