ПРВ.мк
Црна Хроника

СКАНДАЛ НА УЛИЦА ВО ВЕЛЕС: 45-годишник правел проблеми, но под дејство на екстремно количество алкохол!

СКАНДАЛ НА УЛИЦА ВО ВЕЛЕС: 45-годишник правел проблеми, но под дејство на екстремно количество алкохол!

Пијан 45-годишен маж од велешкото село Иванковци бил приведен откако го нарушувал јавниот ред и мир со агресивно однесување на улица во Велес.

Како што информираат од полицијата, на 20 ноември 2026 година, околу 19:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Т.Н. (45) на улицата „Благој Ѓорев“, поради агресивното однесување.

По преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени дури 2,80 промили алкохол во крвта.

Т.Н. бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести