Рано утринава била фрлена бомба врз кафулето „Авенија“ во белградската населба Браќа Јерковиќ. Во нападот, за среќа, нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета.
Според неофицијални информации, експлозијата се случила околу 4:30 часот, кога локалот бил празен, па немало гости ниту вработени во објектот.
Како што се дознава, безбедносните камери го снимиле лицето кое ја фрлило бомбата, а полицијата трага по напаѓачот.
Полициски екипи, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, извршиле увид на местото на нападот во населбата Браќа Јерковиќ.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за мотивите за нападот, ниту за идентитетот на лицето кое ја фрлило експлозивната направа.








