ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) ГО ПОБАРАЛЕ ЗА ЕДНА ПЕСНА, ТОЈ НЕ ГИ ОДБИЛ: Приказна која ги воодушеви фудбалските ветерани!

(ВИДЕО) ГО ПОБАРАЛЕ ЗА ЕДНА ПЕСНА, ТОЈ НЕ ГИ ОДБИЛ: Приказна која ги воодушеви фудбалските ветерани!

Една емотивна и несекојдневна случка ја одбележа средбата на фудбалските ветерани на Пелистер од Битола, Тетекс од Тетово и Борец од Велес, која вчера се одржа во градот под Пелистер.

Додека присутните ја пееле легендарната песна „Мајка“, во изведба на Спасен Сиљаноски, дошле на идеја да му се јават преку видеоповик и да го поканат да им се придружи.

Спасен во тој момент бил во својот дом во Скопје, но повикот не го оставил рамнодушен. Без многу размислување, се качил во автомобилот и веднаш тргнал кон Битола.

За помалку од два часа пристигнал во градот, каде што бил пречекан со големо воодушевување од присутните ветерани и гости.

Најемотивниот момент следувал кога Спасен застанал пред присутните и во живо ја запеал својата позната песна „Мајка“. Ветераните и гостите му се придружиле, заедно пеејќи ги добро познатите стихови „И плачев и пеев“, создавајќи атмосфера исполнета со емоции, радост и заедништво.

Видеото од неговото ненадејно пристигнување и настапот предизвика воодушевување, а присутните не ги криеја пофалбите за неговиот гест.

„Каков човек, каков Македонец!“, стои во описот на видеото објавено од Медиасет.мк.

Најнови вести