ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА КАЈ СМИЛКОВЦИ: Пронајдено безживотно тело на млад маж!

ТРАГЕДИЈА КАЈ СМИЛКОВЦИ: Пронајдено безживотно тело на млад маж!

Безживотно тело на 38-годишен маж утрово е пронајдено во близина на надвозник кај скопското село Смилковци. Полицијата и обвинителството ги истражуваат околностите под кои настапила смртта.

Според неофицијалните информации, станува збор за жител на едно од селата во скопскиот регион, чие тело било откриено во непосредна близина на неговиот автомобил.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје денеска во 06:15 часот, откако било забележано лице кое не давало знаци на живот.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која ја констатирала смртта.

Надлежните институции работат на утврдување на сите околности поврзани со случајот. Засега нема официјални информации за причината за смртта.

Најнови вести