ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕС: Лишен од слобода маж, му била одземена сомнителна материја!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕС: Лишен од слобода маж, му била одземена сомнителна материја!

На 19 ноември 2026 година, во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 39-годишен велешанец, откако при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

Станува збор за Б.Ј. (39) од Велес, од кого материјата била одземена од страна на полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.