ПРВ.мк
Црна Хроника

УТРИНСКА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Претрес во дом, пронајдени марихуана и дигитални ваги - еве колку лица се приведени!

УТРИНСКА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Претрес во дом, пронајдени марихуана и дигитални ваги - еве колку лица се приведени!

Полициски службеници во Штип лишиле од слобода 33-годишен маж, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени марихуана и предмети поврзани со подготовка и мерење на дрога.

На 21 ноември 2026 година, во 07:00 часот, припадници на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Д.И. (33) од Штип.

Претходно, врз основа на судска наредба, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и две дигитални ваги.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести