ПРВ.мк
Црна Хроника

ФАТЕН ВО НЕЗАКОНСКИ ЛОВ ВО ДОЦНИТЕ ВЕЧЕРНИ ЧАСОВИ: Полицијата му го одзеде оружјето - еве каква казна му следува!

ФАТЕН ВО НЕЗАКОНСКИ ЛОВ ВО ДОЦНИТЕ ВЕЧЕРНИ ЧАСОВИ: Полицијата му го одзеде оружјето - еве каква казна му следува!

Педесет и шестгодишен жител на делчевското село Град е лишен од слобода под сомнение за незаконит лов. Полицијата го затекнала на нива во атарот на селото, со ловечко оружје кое, според информациите од МВР, било приспособено за ноќно ловење.

На 20 ноември 2026 година, во 20:00 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода А.А. (56) од село Град.

По претходно добиени сознанија, полициските службеници извршиле проверки на терен, при што го затекнале лицето додека вршело незаконит лов.

При прегледот кај него биле пронајдени и одземени патрони калибар 12 милиметри и чаура од испукан патрон со истиот калибар. Од МВР информираат дека за патроните лицето поседувало дозвола.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести