ПРВ.мк
Македонија

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ИМ ЧЕСТИТАТЕ: Денес е Аранѓеловден, еве кои имиња слават!

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ИМ ЧЕСТИТАТЕ: Денес е Аранѓеловден, еве кои имиња слават!

Денес, 21 ноември, православните верници го празнуваат Аранѓеловден – еден од големите христијански празници посветен на Свети Архангел Михаил и останатите небесни бестелесни сили.

По повод празникот, именден слават сите кои ги носат имињата Михаил, Михајло, Михаела, Мишо, Ангел, Ангела, Ангелина, Гаврил и Гаврила.

Аранѓеловден има посебно значење за православните христијани, а многу семејства го одбележуваат како домашна слава. Свети Архангел Михаил во христијанската традиција се почитува како предводник на небесните сили и заштитник на доброто.

Затоа, доколку во вашето семејство, меѓу пријателите или познаниците имате некој што го носи едно од овие имиња, не заборавајте утре да му го честитате именденот.

На сите славеници им посакуваме многу здравје, среќа, љубов и благосостојба!

За многу години Аранѓеловден!