ПРВ.мк
Балкан

КАКО ДА ДОШЛА ЗИМАТА ПРЕКУ НОЌ: Силен град ги побеле улиците низ Хрватска, сообраќајот во хаос - еве кои градови се без струја!

КАКО ДА ДОШЛА ЗИМАТА ПРЕКУ НОЌ: Силен град ги побеле улиците низ Хрватска, сообраќајот во хаос - еве кои градови се без струја!

Силно невреме проследено со град во текот на денот зафати повеќе делови од Далмација, предизвикувајќи проблеми и во сообраќајот.

Особено интензивно невреме имало во Затон, во близина на Дубровник, каде за кратко време паднало големо количество град. Дел од местото побелел, создавајќи сцени кои потсетувале на зимски услови, објави „Дубровачки дневник“.

Невремето го зафатило дубровничкиот регион по силните грмотевични врнежи и градот што претходно погодиле повеќе делови од Далмација.

Тешка била и ситуацијата во Далматинска Загора, каде интензивниот град ги покрил патиштата со лед и предизвикал отежнато одвивање на сообраќајот.

Проблеми биле регистрирани и на автопатот А1, кај Блато на Цетина, каде се случиле неколку сообраќајни несреќи. Од Хрватскиот авто-клуб информирале за несреќи на три локации, а поради големото количество мраз на терен биле испратени и возила за чистење на снег и лед.