Војната во Украина продолжува да се интензивира, при што последните настани укажуваат на значајна ескалација и промена во динамиката на конфликтот меѓу Москва и Киев.
Во еден од најголемите руски воздушни напади во последниот период, Киев бил цел на околу 611 дронови и 70 ракети, при што биле погодени повеќе цели, вклучувајќи инфраструктурни објекти и стамбени згради. Дел од нападите погодиле и историски и културно значајни објекти, што дополнително ја зголеми меѓународната загриженост.
Како одговор, Украина извршила голем напад на руска територија, при што биле погодени објекти во Москва, меѓу кои и клучна рафинерија. Овие удари се дел од поширока стратегија на интензивирање на дронските и ракетните напади длабоко во непријателската територија.
Аналитичарите оценуваат дека конфликтот се повеќе се префрла од класични фронтални борби кон удар врз инфраструктура, логистика и индустриски капацитети, што ја менува природата на војувањето.
Според проценки на меѓународни институции, до 12 мај се проценува дека Русија има 280.000 до 518.000 убиени војници, а вкупните загуби (вклучувајќи ранети) се помеѓу 1,1 и 1,5 милиони лица. Во истиот период, проценките за Украина наведуваат околу 600.000 жртви до декември 2025 година.
Во однос на територијалните промени, Русија оваа година има освоено околу 220 квадратни километри, што претставува само 0,04% од територијата на Украина, додека Украина во последните 30 дена повратила околу 189 квадратни километри.
Украинските сили се соочуваат со недостиг на противракетни системи, додека Русија продолжува со масовни ракетни напади врз украински градови, со цел да изврши воен и психолошки притисок.

Експертите предупредуваат дека понатамошната ескалација може да доведе до уште поопасна фаза на конфликтот, во која би биле засегнати и пошироки регионални безбедносни интереси.







